
Членови на семејство спијат надвор од страв за нови потреси по земјотресот од вторник со јачина од 7.4 степени во Мексико. (AP)

Дим од запалени гуми го покрил студент-протестант за време на демонстрации против владата заради плановите да се крене цената на бензинот во Медан, Северна Суматра, Индонезија. (AP)

Етиопски мигранти се одмораат близу транзитен центар каде чекаат на репатријација во западниот јеменски град Харадх, на границата со Саудиска Арабија.(Reuters)

Сириски деца кои пребагале во Јордан со нивните семејства уживаат во забавен парк во Аман. (Reuters)

Ковчези на некои од жртвите во автобуска несреќа во Швајцарија за време на церемонија во Белгија од каде се загинатите 28 патници на враќање од скијачко патување во Швајцарија. (Reuters)

Поддржувачите на бурманскиот про-демократски лидер Ен Сан Су Чи чекаат таа да пристигне на изборна кампања во Рангун. (Reuters)

Посетител гледа медуза во аквариум во Шангај, Кина. (AP)

Во традиционална облека киргистански девојчиња танцуваат во Бишкек на годишната прослава на Нова Година. (AFP)

Луѓе јадат на улица за време на прославата на Нова Година во Тбилиси, Грузија. (Reuters)

Изгрев на сонце на поле во северна Франција.(AFP)