
Во Хонг Конг одбележана 23-та годишнина од протестите и владината реакција на плоштадот Тјенамен. На 4-ти јуни 1989-та, кинеските сили, поддржани со тенкови, навлегоа на плоштадот во центарот на Пекинг за да ги задушат студентските демонстрации. (AP)

Паравоени сили пред портата Дуанмен, сверно од плоштадот Тјенамен во Пекинг. Кинеските власти го блокираа Интернет-пребарувањето на термините „6/4“, „свеќа“, „никогаш да не се заборави“ со цел да се замолчи одбележувањето на годишнината од задушувањето на протестите. (Reuters)

По експлозијата на автомобил-бомба во Ирак. (AP)

Авионска несреќа во Лагос, Нигерија. (AP)

Будистички монаси ја одбележуваат годишнината од раѓањето, просветлувањето и смртта на Буда во Банкок, Тајланд. (Reuters)

Протести во Египет по објавувањето на судската пресуда против поранешниот претседател Хосни Мубарак. (Reuters)

Во исчекување на почеток на концертот пред Бакингемската палата во Лондон, еден од многуте настани со кој се одбележува 60-годишниот дијамантски јубилеј на Кралицата Елизабета Втора. (AP)