
Ретка глетка во Јужна Африка – снег во Јоханесбург. Националната метеоролошка служба најави екстремно ниски температури наредниве неколку дена. (АП)

На тезга во Карачи, Пакистанци купуваат храна по завршетокот на постот, за време на светиот муслимански месец Рамазан. (АП)

Од погребот на 16 египетски војници во Каиро, кои загинаа на 5-ти август 2012-та , во нападот на контролен пункт на границата со Израел што го извршија исламски милитанти кои наводно се поврзани со Газа. (АП)

Спасувачи во акција во Манила. Поројните дождови во главниот град на Филипините и околината принудија евакуација на речиси 270.000 лица. (Ројтерс)

Пепел на дрвјата по ерупцијата на вулканот Тонгариро во Националниот парк со истото име во Нов Зелан. (АФП)

Припадник на Армијата за ослободување на Сирија, повреден во ногата од шрапнел во борбите против Армијата на Сирија во Алепо. (Ројтерс)

Повеќе фотографии во една: од настапот на американскиот гимнастичар Данел Лејва на Олимписките игри во Лондон. (Ројтерс)