
Против ѕидот: египетски демонстранти во борба со бариерата подигната за да ги спречи да допрат до Собранието и главниот плоштад во Каиро. (AP)

Романец ја следи црковната церемонија пред погребот на сонародникот Тибериу Костаче, инженер кој загина во заложничката криза во Алжир. (AP)

На речиси 200.000 светлосни години од Земјата, оваа сателит-галаксија на Млечниот Пат се простира низ вселената. Големите облаци од гас во неа бавно се распаѓаат, создавајќи нови ѕвезди. За возврат, тие ги палат облаците со гас, во експлозија на бои. (ESA/NASA/Hubble)

Концентрација: Слоан Стивенс од САД во полуфиналниот меч против Викторија Азаренка од Белорусија, на турнирот Австралијан опен во Мелбурн. (AP)

Иранци во градот Шираз го следат судски нареденото јавно извршување на казната – сечење на прстите на 29-годишно лице, осудено за кражба. На осудениот му биле отсечени три прста и одземена целата сопственост, а ќе мине и три години во затвор. (AP)

Магла во Кина – жена во градот Хуејџоу. (Reuters)

Се враќаат дома: француски војници и опрема во американски транспортен авион, на заминување од Мали. (AP)

Млади монаси во покраината Сечуан, Кина. (Tongqi Huang/China/VOA reader)

Следбеници на шиитска секта џвакаат листови на растението – стимулант ката едулис, или кат, на собир во Сана, Јемен. (Reuters)

Навивачи на Гана на мечот против Мали од Африканскиот куп во Порт Елизабет, Јужна Африка. (Reuters)