Posted January 28th, 2013 at 9:22 pm (UTC+0)
Работник фрла смеса од песок и сол во печка во фабрика во Равалпинди, Пакистан. Загреаната смеса се користи за готвење на пченка што се продава на уличните киосци. (Ројтерс)
Од судирот на полицијата со демонстрантите во Каиро, Египет. (Ројтерс)
Бунар во Севаре, Мали, каде, според директорот на Хјуман рајтс воч за ОН, Филип Болопион, биле фрлени тела на, како што се претпоставува, исламистички милитанти. (Ројтерс)
Бразил завиен во црно: нацијата во шок по пожарот во ноќен клуб во градот Санта Марија што однесе најмалку 232 животи. (Ројтерс)
Поплава во пустина: одраз на Саудиец во огледало во неговиот дом по обилни дождови во Табук, на 1.500 километри од Ријад. (Ројтерс)
Ја скроти топката: Австралиецот Метју Вејд на натпреварот во крикет против Шри Ланка во Мелбурн. (Ројтерс)
Ноќен раскош: главниот влез на кралската палата Кенбокун во Сеул. (Фотографија на Ли Ган-донг, кој ги следи програмите на Гласот на Америка од Јужна Кореја)
Недоверба, радост, помножено со два: актерот Брајан Кранстон позира со наградите САГ за најдобра машка улога во ТВ-драмата Лошо распаѓање и за најдобар актерски состав во филмот Арго, на церемонијата во Лос Анџелес, САД. (Ројтерс)
Колиба во руралниот регион Бенишангул-Гумуз во Етиопија. (Фотографија на Абома Шураму, кој ги следи програмите на Гласот на Америка од Етиопија)
Угоре високо, удолу длабоко: планинар во туристичкото место Понтресина, Швајцарија. (Ројтерс)