Posted March 27th, 2012 at 7:38 pm (UTC+0)
Контејнер со солзавец фрлен од индонезиска полиција експлодира во воздух за време на протест против владиниот план за кревање на цената на бензинот во Џакарта. (AP)
Уништени возила од цунами во Ишиномаки, Јапонија, во област оштетена по земјотресот и цунамите на 11 март, 2011. (Reuters)
Францускиот претседател и кандидат за реизбор во 2012, Николас Саркози, поздравува локална жителка на посета на средновековен град во западна Франција. (AP)
Колумбиска полиција пренесува останки на бунтовници убиени за време на напад во зори на Мета, кај армиската база Апиај во Вилавиченцо. (Reuters)
Од лево кон десно - претседателот на Азербеџан Илхам Алијев, казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев, американскиот претседател Барак Обама и јужнокорејскиот претседател Ли Мјан-бак, ги наоѓаат нивните места за групна фотографија на нуклеарниот самит 2012 во Сеул, Јужна Кореја. (AFP)
Виножито се појавува додека туристи сликаат водопад на Жолтата Река во провинцијата Шанжи, Кина. (Reuters)
Бурмански војници маршираат на церемонија за одбележување на 67 години на Денот на вооружените сили во Нејпито. (AP)
Американски војници седат по влегување во транспортен авион пред заминување за Авганистан на аеродром близу Бишкек, Киргистан. (Reuters)
Надворешен поглед на зградата Титаник Белфаст во Белфаст, Северна Ирска. Шесткатната зграда што ќе биде отворена во април ќе ја раскажува приказната на Титаник, од изградбата до потонувањето пред сто години. (Reuters)
Девојче на прошетка со куче во парк во Минс, Беларус. (AFP)
Рафаел Надал од Шпанија ја гледа топката кога го враќа ударот од Кеи Нишикори од Јапонија на шампионат во Бискејн, Флорида. САД. (AP)
Манекенка претставува креација од кинеската марка Доверал за време на Неделата на модата во Пекинг. (Reuters)
НАСА успешно лансира пет суб-орбитални ракети утринава од објект во Вирџинија. (NASA/Wallops)